Втора донаторска за црквата во Точила

Најдоцна по новогодишните празници, ќе се организира втора донаторска конференција да се соберат пари за доизградба на црквата Света Петка во Точила. Ова го најави градоначалникот Марјан Ристески. Локалните власти издвоија милион денари за црквата. Планирано е објектот да биде доведен до карабина до крајот на годинава. Се очекува храмот да биде готов до 19 декември 2012 година. Црквата е посветена на трагичниот настан на Карпалак на 8 август 2001, кога беа убиени 10 резервисти од Прилеп. Темелникот беше поставен на 8 август 2008 година. Свештенството вели дека црквата во Прилеп се гради по стотина години.

Loading