Сто години од раѓањето на архиепископот г.г. Ангелариј

Семејството на блаженоупокоениот архиепископот г.г. Ангелариј не може да се помири со загубата, и по 25 години од загинувањето. Ова беше речено на одбележувањето на сто годишнината од неговото раѓање. Архиепископот Ангелариј беше поглавар на МПЦ од 1981 до 1986 година. Беше скромен, достоинствен човек. Го одликуваше упорност во извршувањето на Божјата волја. Со изборот за поглавар, се залагаше за самостојна и независна црква. Говореше дека “не е Балканот тесен, туку се тесни срцата на луѓето” – рече владиката Петар. Синот Драгослав Крстески, на 78 години, рече дека татко му, кој за верниците бил поп Цветко, загинал во 1986 година во сообраќајка на патот Прилеп – Градско. При несреќата, го удри камионче, а од другата страна, камион без кочници. Мистериозно загина, оти и на судењето во Кавадарци, кажаното беше сменето. Неговата смрт беше сомничава и не е расчистена до крај – вели Крстески.

Loading