Потпор на “Мечкин камен”

Во тек е изградба на потпорен ѕид на ул. ,,Мечкин Камен,, во должина од 70 метри. Од Одделението за урбанизам велат дека ова е уште еден од повеќето потпорни ѕидови како неопходни инфраструктурни зафати пред асфалтирање на една од главните улици во населбата. Дел од ѕидот летово падна со поплавите што го зафатија градот. Општината за изградбата на ѕидот оддели два милиони денари.

Loading