Креативен скок на предизвиците

ООУ “Гоце Делчев”

Унапредени се условите за децата со посебни образовни потреби

Со “засукани ракави” на директорот ОУ “Гоце Делчев” Трајче Каралиоски, советот на родители и целиот персонал на училиштето, заеднички длабоко се навлезени во развојните планови за утврдување на приоритетите, произлезени од Националната програма за развој на образованието 2005/2015 година и Концепцијата за деветгодишно образование. Со визија и стратегија континуирано се модернизира училиштето. И не застанува со прогресот, со поддршка од локалната власт. Се следи, се проверува и оценува напредокот и постигањата на учениците преку комуникација и со нив и со родителите, помагајќи ги и поддржувајќи го подобрувањето на развој, едновремено почитувајќи ги личностите, и тоа со современи образовни технологии за постигнување на квалитетни знаења. Акцент е ставен на соработката на учениците и возрасните преку размена на идеи и планирања акции со цел од искуството да се извлечат креативни начини за “прескокнување” на предизвиците. Стратешката цел е осовременување на наставно – воспитниот процес. Применета е ИКТ технологијата “Компјутер за секое дете”. Обучени се наставниците и обезбедени се компјутери за учениците и наставници. Отворен е продолжен престој во согласност со потребите и барањата на родителите. Овозоможено е прифаќање на ученици од И – ИИИ одделение еден час пред и еден час по наставата, според барањата на родители. Унапредени се условите за децата со посебни образовни потреби. Училиштето е избрано меѓу 20 училишта, поддржани во програмата “Еднаков пристап – за еднакви можности”. Училиштето доби помагала за учениците со посебни потреби, а наставниот кадар е обучен. Со методологија за идентификација и педагошко водење на надарени деца се врши континуирана интерна едукација. Кај нас има многу ученици, кои учествуваат на натпревари и постигнуваат високи резултати. Освојуваат награди и признанија, дури и од меѓународниот ликовен конкурс во Јапонија – акцентира Каралиоски. Перманентно се усовршуваат наставниците да бидат во дослух со времето и да се оспособат за примена за ИКТ технологија. Се посветува внимание на унапредување на односите со родителите. Покрај родителските средби, учениците се поддржуваат и со индивидуални контакти. Во тој контекст поддржана е стратегијата за превенција од насилничко однесување. Кај сите деца сменет е менталитетот за еколошката средина со учеството во еко – проектите. Со родителите се реализирани повеќе работилници за самодоверба, одговорност кај децата, реинституција, етички кодекс во оценувањето, кодекс на однесување и имплементирање на членовите од Конвенцијата за правата на децата. За подобрување на физичките ресурси реализиран е грантот за модернизација на образованието, промена на влезните врати, санација и бојадисување на оградата, санација на парното греење, фасадата, бојадисување на ентериерот, изградба на нови санитарии, санација на олуците и покривот. Поплочени се влезовите и паркингот. Лани комплетно е реновирано училиштето преку соработката на владите на Макединија и Кина, и активно лобирање на локалните власти. Сменети се столаријата, подовите, клупите, таблите…, набавни се современи нагледни средства, видео и аудио надзор, континуирано хортикултурно уредување на дворот. Поставени се клупи и корпи за отпадоци, се гради тениско игралиште. Интервенирано е и во училиштето во селото Големо Радобил. Подобрено е осветлувањето, а претстои санирање на санитарните јазли.

Куп награди

На регионален натпревар по математика добиени се две први места, добиена е прва и втора награда на државен натпревар по информатика и награда за најдобар информатички проект. Две втори места се добиени на регионален натпревар по англиски јазик. На натпревар, организиран од Сојуз на здруженија за техничка култура, освоено е второ место екипно. Поединечни награди добиени се за прво место по метеорологија на регионален натпревар, а второ на државен, за применета биологија. Прва награда на регионален натпревар, по агротехника, втора на регионален натпревар за радиотехника, прва на регионален натпревар за електроника, прва награда на регионален натпревар за применета хемија. На натпревар за знаење по македниски, математика, англиски и информатика во организација на ТОП 10 Лајонс клуб, во најуспешните 10 ученици од општината, четири ученици беа од ОУ “Гоце Делчев”. На регионалниот натпревар во хорови и оркестри училшниот оркестар освои прво место, а на државен натпревар второ, а училишниот хор освои второ место на регинален натпревар. На регионален натпревар во сообраќај добиено е екипно прво место, како и поединечно прво место и на малата и на големата екипа. На државен натпревар во сообраќај добиено е второ место. На конкурс за најдобра лична творба за Месецот на книгата во организација на Градската библиотека добиена е втора награда за лична творба за ученици од 5 до 8 одделение, и прва нагада за рецитација во истата категорија. На математичкиот натпревар Кенгур учествуваа 102 ученици, од кои добиени се едно второ, две трети и 16 пофалници. На регионален натпревар во фудбал, женската екипа беше најдобра, а на државен шеста, Една ученичка од екипата беше издвоена за поддршка во спортски активности и í е доделена стипендија. Во атлетика на државен натпревар добиено е второ место, поеднично. На конкурс за кратки раскази во организација на Сојуз на здруженија “Пет до дванаесет” добиени се две трети места. Точно 20 ученици до 12 години учествуваа на еко-конкурс за “Недовршена приказна за добра ноќ”, во организација на ОХО. 14 ученици со ликовни творби го претставија училиштето на Мал битолски монмартр. Една ученичка ја доби Третоноемвриската награда од локалната самоуправа за постигнати високи резултати во карате и прва награда на Балканијадата. Добиено е и трето место во карате – женски на државен натпревар во организација на Федерација на училишен спорт на Макдонија. На меѓународен музички натпревар по виолина добиена е втора награда. На натпревар за тематски маски за карневалот Прочка добиена е прва награда за детска маска и трета награда за традиционална маска. Во учебната 2010/11 година училиштето отвори интернет страница њњњ.ооугоцеделцев.цом Училиштето е вклучено во проектот “Интеграција на еколошката едукација во воспитно – образовниот процес” и аплицираше за сребрено ниво, следејќи ја реализацијата на активностите од седумте Еко – чекори и позитивните оценки за Годишниот извештај од проектните активности добиени од канцеларијата во МОН и Здружението ОХО.

Loading