Метеж за самовработување

Точно 82 прилепчани, од 500 пријавени, најдоа егзистенција со државната кампања за самовработување со поддршка од три илјади евра. Според раководителот на единицата на Агенцијата за вработување Силвана Пашоска,   бизнисот го формализирале главно занаетчии, бербери, фризери, козметичари, но и други услужни фирми на столари и трговци. Не малку се и земјоделците. Самовработувањето во петтата година се покажа за успешно, оти се стимулираат невработените сами да запливаат во бизнис водите. Државата ќе продолжи со поттикнување на фирмите со по 1500 евра за секое ново вработување – вели Пашоска. Владо Петрески, еден од грантистите, вели дека парите му биле добредојдени на почетокот на официјализирањето на фирмата, оти со нив набавил репроматеријал.

Loading