ОДГЛЕДУВА ЦРВЈЕ НА РОДНАТА ГРУТКА

Прилепчанец се врати од Хрватска по две децении

рганското ѓубриво добиено од арско ѓубре со помош на калифорниски црви богато е со сите органогени елементи

Планира за 3- 4 години да произведе 300 тони органско ѓубриво од површина од 5 декари

Дваесет и осумгодишниот Борис Пауновиќ е роден прилепчанец. По 20 години живот во Хрватска, се врати во родниот крај да прави необичен бизнис, да создава огранско ѓубриво со помош на црви. Родната грутка го привлекла, оти земјата го има епитетот земјоделска. А се бара органското ѓубриво или биохумусот. Топлото море со европски воздух, Макарска, решил да го замени со острата клима во пелагониската рамнина да заработува за “леб”. И тоа со одгледување црви. Безработицата во Хрватска, го натерала да ја проба среќата на нивите од дедо, прадедо, а планира да купи дополнителни земјоделски површини. Овде е поефтино, отколу во Хрватска. Органското ѓубриво ќе се пласира и на македонскиот и на хрватскиот пазар. Оттаму ќе се извезува – вели Пауновиќ. Еколошката душа го определила дипломиран економист за бизнисот со црви. Многу време потрошив во еколошки здруженија. Од протести нема фајде. Подобро е да направам нешто корисно за Земјата и затоа се одлучив токму за производство на органско ѓубриво кое е тренд во светот. Се произведува органска храна, и ова еден производ кој е потребен, може да се пласира и убаво да се живее. Органското ѓубриво се употребува за одгледување зеленчук, овошје, за лозје, за цвеќиња. Го забрзува растењето и дава подобар квалитет на растенијата и плодовите – објаснува Пауновиќ.

Како се произведува органско ѓубриво?

Процесот на производство траел шест месеци. Се користело шталско ѓубре од крави, овци, превриено, ставано во леи како базени со одредена длабочина. Пауновиќ многу користел информации од интернет. Оптималните услови за црвјето да можат да “работат” се температурата, влага, одредена ПХ вредност, да имаат храна. Се множат и се удвојуваат секои три месеци. Основното легло се продава и може да се купи во Македонија. Користам калифорниски црвени црви, со должина до 6-7 цм., потенки се од обичните. Тие најубаво и најбрзо го преработуваат арското ѓубре. Практично, биоѓубривото се создава од црвите. Кога ќе се наполни леата до горе, црвите излегуваат на површина и се префрлаат во нова леа. Останува земјата, односно хумусот или производството. Се анализира секоја леа и се добива сертификат со одредени квалитети. Не е битно каде ќе се постават базените. Добра е прилепската почва – вели Пауновиќ. Со вила се подига новиот слој, во кој се влезени 80 до 90 насто од црвите и се пренесуваат во ново легло. Повторно се става нова храна, нов слој арско ѓубриво, а долу останува чист биохумус.

Мала инвестиција и рачна работа без механизација

Планира за 3-4 години да произведе 300 тони органско ѓубриво од површина од пет декари. Еден турнус трае шест месеци и од една леа со димензии 1,20 м. и 10 м. должина и длабочина 60 цм., планирам да добијам околу 7 метри кубни земја. Можеби почетната инвестиција е скапа, но потоа црвите сами се размножуваат. Арското ѓубриво е ефтино и достапно. Од 50 – 100 евра е цената на едно легло црви, што е доволно за 2 м2 површина – вели Пауновиќ. Вели дека црвите не се штетни, туку корисни. Јадат само лисје, а не плодови и живеат в земја, не излегуваат на сонце, затоа што им смета. Покрај економскиот ефект, Пауновиќ сака да í помогне на Планетата земја која се уништува и труе со хемиски средства. Високо квалитетно органско ѓубриво добиено од арско ѓубре со помош на калифорниски црви богато е со сите органогени елементи, микроелементи и биоактивни микроорганизми. Содржи петпати повеќе азот, 7 пати повеќе фосфор, 11 пати повеќе калиум и 3 пати повеќе магнезиум од арското ѓубре. Еден од начините да се поврати квалитетот на веќе деградираните почви е исфрлање од употреба на вештачките и користење органски ѓубрива

100 ЕВРА – ЛЕГЛО

Според податоците од интернет, едно легло калифорниски црви содржи 30 илјади полнозрели црви, толку млади црви и уште толку кокони (јајца од црви). Потребен простор за едно легло е 2 м². За период од една година преработува еден тон арско ѓубре, а се добива од 500 – 600 кг. биохумус. Црвите најбрзо се размножуваат кога температурата се движи помеѓу 18 и 21 степен. Во Македонија цената на тон арско ѓубре се движи од 15-20 евра, а цената на тон биохумус е околу 250 евра. Едно легло калифорниски црви во Македонија чини до 100 евра, а надвор минимум 250 евра. Сточар со 15-18 крави со арското ѓубриво може да одгледува 100 легла калифорниски црви. За одгледување 100 легла потребни се 2 работника, ако работат по 5-6 часа дневно. (во декември, јануари и фебруари активностите се намалени или воопшто не се работи). Ако леата е долга десет метра, а широка 2 м. ќе работат 10 легла. Црвите ќе преработат 10 тони арско ѓубре, а ќе се добие 5 – 6 тона биохумус. Арското ѓубре за црвите е храна. Црвите се хранат со нов слој арско ѓубре од 5-6 см. Ранењето се повторува на секои 10-20 дена.

Забранет лов од Нил

Пред 5000 год. старите Египќани знаеле за црвите. Со нивните закони најстрого забрането било изнесување црви од долината на реката Нил, бидејќи тајната на плодноста на тој крај била врзувана со голема концентрација црви во речните наноси на реката Нил. Чарлс Дарвин повеќе од 40 години ги проучувал црвите. Заклучил дека сета родна земја повеќекратно минала и ќе минува низ утробата на црвите. Во една година преработуваат и исфрлаат четири килограми. хумус на квадратен метар (или 40 тони на хектар). Констатира дека не постојат други животни кои одиграле толку важна улога во создавање на хумусот, како основна компонента од која зависи човековата егзистенција – храната .

Lumbriciade живеат 15 години

Калифорниските црви (lumbriciade) се хермафродитни (двополови) организми со просечна големина околу 8 см и 1 грам тежина. Постари од 7-10 месеци полагаат по едно јајце – кокон на 15 дена. По 15-20 дена, од него се раѓаат 15-20 млади црви, во зависност од условите: температура од 16 до 24°C; влажност во средината 60-70% и pH: 6,8 – 8. Светлината има негативно влијание. Непријатели им се кртот, птиците, жабите, змиите и човекот. Животниот век им е 10-15 години. Се хранат со арско ѓубре постаро од 6 до 9 месеци, а по потреба се полеваат со вода да се постигне потребната влажност.

Loading