Комфи ангел на саем во Швајцарија

Прилепската конфекциска компанија Комфи ангел била една од неколкуте македонски фирми која се претставила на саемот на културата, традицијата и бизнисот во швајцарскиот град Пајерне, каде годинава домаќин била македонската заедница во Швајцарија. Амбасадорот на Македонија изразил благодарност што македонски фирми и културно уметнички друштва дошле во Швацарија, во организација на отселениот прилепчанец Миле Колески. Прилепската фирма го искористила саемот за промоција на сопствената продукција на постелнина, покрај демонтрацијата на виното, специјалитетите, но и на културните, историските, економските и туристичките вредности на нашата земја. Саемот се организира од 2000 година.

Loading