Асфалт околу Паркот

Нов асфалт е поставен околу Паркот на Револуцијата во должина од 550 метри. Патот е асфалтиран во соработка со Прилепска пиварница, која за оваа намена оддели 40 илјади евра, а останатите биле пари од локалниот буџет. Патеката ќе има повеќе намени. Не само за полесен пристап за возилата на Пиварницата, туку ќе служи и за велосипедска патека, за возење со ролери, за трчање. Напролет ќе бидат доасфалтирани уште 250 метри, со што ќе се поврзи со улицата покрај хотелот Салида – вели градоначалникот Марјан Ристески. Тој најави градба на трибината на стадионот и зоолошка градина со украсни птици. Ќе се гради детски забавен парк со водени површини – додава градоначалникот.

Loading