Граѓаните кај избраните

На црвен тепих влегоа десетици граѓани, ученици, средношколци и студенти во новата градска куќа, на “Отворениот ден за граѓаните”, кој го организира локалната самоуправа за запознавање со надлежностите на општината. Локалните власти се избрани да им служат на граѓаните, а дел од нив не се доволно упатени за работата на администрацијата, како функционираат службите. Еднаш месечно ќе се отвораат вратите да се прашуваат службите. Ѓраѓаните ќе добиваат одговори. Средношколците и основците го направија сефтето со интерес, зошто нема кино во град со 70 илјади жители и кога ќе се изгради стаклената пирамида со планетариум. Ќе подготвиме финансиска анализа за отворање на кино сала за проекција на филмови, а в година ќе никне и стаклената пирамида – велат од локалната самоуправа. Градоначалникот Марјан Ристески најави и кампања “Ден на идеи”, по урнекот на Владата, на кој граѓаните ќе предлагаат идеја од интерес на заедницата.

Loading