Ристески за “македониум”

Масовно граѓаните го поддржаа ,,Манифестот на Македониумот,,. Го дадоа својот потпис за зачувување на вековното име на државата. Меѓу првите беа претставниците на ДНУ, Сојузот на борци, Здружението ,,Карпалак,,… Порачаа дека никој нема право да бара да се викаме поинаку. Македонското име и идентитетот со векови опстојувале. Грција нема право да бара промена на името на народот и на државата – се коментарите на сограѓаните. Поддршка дадоа и вработените на локалната самоуправа, предводени од градоначалникот Марјан Ристески. Се потпишав за зачувување на нашето вековно, историско име. Потписот е за сите наши дедовци, прадедовци, сите претходни генерации, за сите нас и за идните генерации. Не знам дали постои Македонец, горд Македонец кој сака да се промени името. Мислам дека нема – рече градоначалникот Ристески.

Loading