Експресно сменети плочките

Пред Участакот

По објавата во ЗЕНИТ за искршените плочки пред реновираниот Участак, надлежните експресно се фатија за работа, ги засучија ракавите и го заменија цел ред искршени плочки, со нови и подебели, кои ќе можат да истрпат поголеми товари и навалица од луѓе, без да се преполоват како претходните. Засега нема трага од оштетување на новите плочки за одвод. Во музеј може да се влезе без страв и подскокнување. И безбедноста е сто отстотна, оти на скршените плочки некој можеше глава да “скрши” или, во најмала рака, да легни на Ортопедија.

Loading