Навалица за тест за шеќер

Дури 250 граѓани ја искористија можноста бесплатно да го проверат шеќерот во крвта на плоштадот, што во комбе го вршеше лекарска екипа два часа за денот на дијабетисот – 14 ноември. Акцијата за контрола на шеќерната болест ја организираше државното здружение на дијабетичари, заради превенција и промоција на контролите на шеќерот кај сите категории граѓани. Шеќерната болест од година во година ескалира, а контролата на шеќерот во крвта е тест за преземање на навремени мерки за спречување на развојот на оваа опака болест, која докторите ја викаат состојба, оти, ако навреме се открие, може да се стабилизира со режим на исхрана. Во Прилеп се регистрирани седум илјади дијабетичари, од кои поголемиот број се на терапија со инсулин. Реалните податоци насекаде во светот се далеку поголеми во споредба со официјлните бројки, бидејќи граѓаните немаат здравствена култура, не се дисциплинирани и затоа и не знаат дека имаат повишена гликемија.

Loading