Ќе се официјализира економско- социјален совет

Прилеп ќе добие економско – социјален совет пред Нова година. Формирањето е стремеж за подобрување на економскиот амбиент, предлагање, разгледување и промовирање на конкретни идеи и проекти за забрзување на локалниот економски развој, а во тие рамки и за ублажување на невработеноста. Градоначалникот Марјан Ристески вели дека неформално функционира таков совет, откако е градоначалник. Сега ќе се формализира и досегашната плодна соработка со Регионалната комора, бизнис секторот, невладиниот сектор и со Синдикатот – вели Ристески.

Loading