Заштитна опрема за 800 земјоделци

Точно 800 земјоделци од дваесетина села од прилепско добија комплети кои содржат капа, заштитна маска, мантил и ракавици, за заштита од хемиски средства во земјоделското производство. Опремата е донација на Здружението за едукација, бизнис и консалтинг од Прилеп, во соработка со фондацијата Отворено општество – Македонија. Јане Станкоски, претседателот на здружението, вели дека земјоделците следеа и обука за користење на заштитната облека при прскање на културите со хемиски препарати. За добра агрономска пракса, потребно е користење на заштитна опрема од хемиски средства. Веќе три години ги промовираме најдобрите начини за квалитетно производство. Културите треба да растат во не штетни услови за животната средина, а во кои се обезбедени и земјоделците – вели Станкоски. Опрема добија земјоделците од селата Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Кадиносело, Галичани, Тополчани, Мажучиште, Канатларци и Ерековци, Ново Лагово, Боротино, Обршани, Алинци и Загорани.

Loading