Superbrands се Цевитана и Витанез

Витаминка

Двата производи на прилепската прехранбена индустрија Витаминка, Цевитана и Витанез, се прогласени за субербрендови за 2011 година. Од компанијата признанието го оценуваат како верификација на напорите да произведуваат квалитетни производи по достапна цена, а со двата производа се вбројуваат во групата на брендови од оваа фабрика што веќе го имаат знакот Супербрандс. Прогласувањето на Цевитана и Витанез за супербрендс е доказ дека повеќегодишното вложување во производството и технологијата има позитивен ефект и е единствен начин да се добие квалитетен производ. Потрошувачите ги препознаваат и избираат токму нашите производи. Тоа е доволна награда за нас, а признанието Супербрендс, само ја заокружува приказната за Витаминка, како фабрика која прави производи со одличен квалитет, препознатливи и барани на пазарот – изјави Владимир Трпаноски, комерцијалниот директор на Витаминка. Витанез е мајонез кој 20 години е присутен на пазарот, а Цевитана е инстант прашок за подготовка на освежителен витамински напиток со девет витамини.

Loading