Прилеп и Поградец заеднички по чаре во ЕУ

Градоначалникот Марјан Ристески и делегација од Поградец, Албанија се договорија да соработуваат во проектите за прекугранична соработка преку ЕУ. Гостите сметаат дека проектот “Социјална интеграција на маргинализираните групи преку прекугранични иницијативи во Македонија и Албанија” е погодна почва за продлабочување на соработката на заедниците во пограничниот регион. Ќе најдеме заеднички јазик да ги искористиме парите од ЕУ и да решиме повеќе инфраструктурни и комунални проблеми, како и за развој на културниот туризам – изјави Ристески. Наташа Канина од Поградец откри места за соработка. Градиме локални социјални мрежи за развој со луѓе од различни сектори – од НВО, од локалната самоуправа, од образованието и бизнис секторот – да се решаваат проблемите, пред сé, за вработување. И кај нас најголем проблем е невработеноста од 11 проценти – изјави Канина.

Loading