Се крева монтажно училиште во Беровци

Со поставувањето на елементите на едно монтажно училиште од 90 метри квадратни во селото Беровци се подготвуваат подобри услови за квалитетно следење на наставата за дваесетина деца од прво до петто одделение. Учениците и наставниците ќе учат и ќе предаваат во новите училници за неполн еден месец. Уште две монтажни училишта со по две училници ќе се градат во селата Чепигови и Галичани. Објектите располагаат со просторија за наставниците, санитарен јазол, ходник и просторија за ложиштето за греење. Инвестицијата ја чини локалната самоуправа 1,3 милиони денари за сите три училишта.

Loading