По Кузман, споменици за Петров и Тошев

“Прилеп ќе ги овековечи со споменици сограѓаните и носечки дејци од периодот на револуционерната борба Ѓорче Петров и Пере Тошев, како што неодмана подигна споменик за Кузман Јосифоски – Питу”. Ова го изјави градоначалникот Марјан Ристески на прославата од празникот 23 Октомври. Слободарскиот Прилеп го одбележа Денот на револуционерната борба со полагањето цвеќе на гробовите и спомениците на македонските херои, кои го вградија животот во слободата на македонскиот народ. Делегација од локалната самоуправа ги закити со букети плочата на родната куќа на Ѓорче Петров во Варош, гробот на Пере Тошев во дворот на црквата Свето Благовештение, на Методија Патчев во Кадиносело, споменикот Методија Андонов – Ченто и Могилата на непобедените.

Loading