Камбаната на црквата во селото Беловодица удри за новореденче по три децении. Радост ги окупира не само родителите Митре и Ангела, туку и десетината старци, кои заборавиле кога последенпат чуле бебешки плач, оти во селото се помалку чадат оџаци, а камбаната се слуша за умирачка. На приказната објавена во Зенит дека семејството Трајкоски добило новороденче, и градоначалникот Марјан Ристески ги охрабри родителите што успеале да се одржат на родната грутка на Митрета, а на мајката, Албанка, í посака во прегратка да има уште неколку деца. Тој не штедеше за малиот Андреј. Семејството го наполни со подароци и им подари штедна книшка со десет илјади денари.