Нови ѓубрарки за стари сметки

ЈКП ,,Комуналец,,

ЈКП “Комуналец” инвестираше 160 илјади евра за четири нови возила за поедноставно и поефикасно собирање на сметот и складирање на депонијата кај селото Алинци. Со новите возила со зафатнина од 56 кубни метри, сметот ќе се собира побрзо, а ќе порасне економичноста. Возилата ќе придонесат да ја задржиме пониската цена на надомесот за ѓубрарина – вели Златко Ристески, директор на ЈКП ,,Комуналец,,. Дневно се собираат по 90 тони смет, а со новите возила ќе се прибира една третина.

Loading