Загина седумгодишно дете

Седумгодишно дете загина на патот Прилеп – Крушево кај селото Врбјани, откако го прегазил автомобил. Според СВР Битола, до несреќата дошло кога детето слегло од тракторот, а на него удрил автомобил Опел Астра со битолски таблички, управуван од Ј.Б. (46) од селото Светомитрани. Тракторот, сопственост на таткото на загинатото дете, застанал на коловозот, а од другата срана стоела машина за сечење дрва. Возачот на Опелот го удрил детето при заобиколувањето на машината, и смртно го повредил. Седумгодишното дете починало на местото – изјави портпаролот на СВР Битола Ѓоко Стрезовски.

Loading