Возач влезе в река

Возач на Форд ескорт загина, превртувајќи се со автомобилот и влетувајќи во коритото на реката. Според сведоците, кои го извадиле телото од автомобилот, Роберт Ѓорѓиоски (46), електричар, веројатно добил срцев удар и загубил контрола, при што со автомобилот влегол во коритото и се превртел.. Очевидци велат дека автомобилот се движел некотролирано, а возачот бил легнат на воланот. Одвај избегнавме да не се удриме. Се движеше на левата страна, легнат на воланот и влета в река – велат возачи, кои го пресретнале загинатиот. Дежурниот лекар во брзата помош Гоце Јонзоски изјави дека констатирал смрт, а на телото немало сериозни повреди. Противпожарната екипа брзо дошла да го извадат телото, но немало потреба за брза интервенција, оти возачот бил веќе мртов. Пријатели на Ѓорѓиоски, со кои бил во некоја викендичка, велат дека тој се жалел на стегање во градите, но заминал со автомобилот в град.

Loading