Парампарче сторени плочките пред Участакот

Не помина ниту ден од свеченото отворање на реновираниот музеј 11 Октомври, познат како Участакот, а веќе се искршени половина новите плочки. Плочките веројатно се со помала издржливост од другите во функција на капаци на одводната канализација. “Подклекнале” од метежот на народот, собран завреме на импровизираниот напад на 11 октомври. По празникот неколку плочки се преполовени, а сега половина се целосно уништени. Не би сакале да веруваме дека некое тешко возило газело по новиот плочник. Како и да е, нужно е да се сменат кревките гранитни плочки. Пожелно би било да се постават поквалитетни, што не ќе се дробат. Се очекува од општинските власти брзо да реагираат и да ги отстранат дупките кои станаа и опасност по безбедноста на минувачите. Впрочем, се остава и лош впечаток за посетителите од другите градови, кои зачестено ја гледаат поставката во Музејот по реновирањето.

Loading