Возач пцуел, оти полицијата го алкотестирала

Жител на селото Чепигово давал отпор на полицијата да изврши алкотест, откако предизвикал сообраќајна несреќа на улицата “Ладо Лапецот”. Полицијата го привела со употреба на техника на скротување. Според СВР Битола, М.С. (1983) од Чепигово одбил да биде алкотестиран и ги омаловажувал полицајците со погрдни зборови и пцовки, откако предизвикал сообраќајка.

Loading