Фатени разбојниците со нож

Истражниот судија притвори двајца од тројцата разбојници кои полицијата ги откри, откако на таксист му одзедоа осум илјади денари, радио станица, таксиметар и мобилен телефон во населбата Тризла. Полицијата ги фатила и ги сомничи за разбојништво Џ.А. (19) и М.А. (30) од Прилеп, а О.О. (28) од Штип е во бегство. Тројцата со закана со нож под грлото го ограбиле такси – возачот К.Н. (59), откако ги одвел на улицата “Дабничка”.

Loading