Му ја запалиле вектрата

На сограѓанин му го запалиле автомобилот, паркиран пред куќата на улицата “Авала”. Противпожарната екипа го изгаснала огнот, а според МВР штетата е од околу пет илјади евра. Пожарот избувнал на автомобил “Опел” Вектра на Р.Д. (45). Пожарникарите го изгаснале пламенот, при што констатирале дека некој го предизвикал огнот. Полицијата го бара подметнувачот на огнот.

Loading