Паднал од скала и умрел

Шеесетичетиригодишен сограѓани го загуби животот, паѓајќи од скала при берење манастирски круши кај селото Прилепец. Според СВР Битола, Павле Трајкоски го береле манастирскиот овоштарник заедно со уште неколку членови на црковниот одбор на манастирот Свети Никола. Гранка од круша го удрила в лице и тој паднал од дрвената скала на која бил качен. Од падот, од околу 4,5 метри, починал на место. Трагедијата да биде поголема, Трајкоски бил молер и половина од работниот век го поминал на скала на височина.

Loading