Пензионерите пееја во Неготино

Силен впечаток оставија пензионерите, членови на КУД “Пензионер” и “Пенка Котеска” на смотрата на регионални групи и солисти, вокално инструментални пензионерки и пензионери во Домот на културата во Неготино при крајот на септември. На манифестацијата учествуваа 11 здруженија. Луѓето од “третата доба” дадоа придонес во прославата на 20 годишнината од државноста и независноста и 65 годишнината од пензионерското организирање во земјава со свои настапи, по интонирањето на химната и поздравни говори на претставниците на локалните власти од Неготино, од државното здружение на пензионерите и претседателот на здружението од домаќините. Настапија групи од Кавадарци, од Штип, Велес, Валандово, Битола и Гевгелија.

Loading