Бранување во СДСМ

Тензична атмосфера владеела во СДСМ последните неколку недели, оти поизвесна е смената на локалното раководство, подгреана во медиумите. Јавно се изразува незадоволство од актуелната гарнитура. Претендентите за претседател не седат со скрстени раце. Бараат поддршка од бившите функционери Пирганоски, Герамитчиоски, Кокароски и Гешоски, бидејќи се знае дека нема функција без нивни амин. Во амбициите предничел Сашо Велески, но не помалку упорен бил и Томче Белокапоски. Времето ќе покаже кој подобро сработил.

Loading