Наменската фабрика Еурокомпозит или 11 Октомври го дочекува Празникот во надеж дека ќе успее да ја преброди кризата. Аргументите за оптимизмот се гледаат во податоците дека компанијата заштитила со панцири и шлемови дел од полициските единици на Ирак. Наша безбедносна опрема носат дел од полициите на Саудиска Арабија и Хрватска. Не е исклучено и косовските и босанските безбедносни сили да набават балистичка заштита, откако фирмата е избрана за најповолен понудувач. Се очекува завршувањето на роковите за жалби на тендерите. Директорот на Еуркомпозит Никола Лучески е оптимист за перспективите, зашто веќе се склучени два договори со МВР и со Министерството за одбрана од по 500 илјади евра. Имаме доста работа, ама и потешкотии, оти немаме доволно обртни средства за репроматеријали да го завршиме договореното производство. Се надеваме дека ќе бидат делумно авансирани договорите со министерствата – вели Лучески. По десет години пласиран е дел од производствениот наменски асортиман за една соседна земја. Тестовите се покажаа успешни и в година очекуваме раст на пласманот- вели Лучески.