Прилеп – европска карневалска престолнина

Прилеп в година ќе биде европска карневалска престолнина, оти ќе биде домаќин на 32 – та Конвенција на Европските карневалски градови од 26 мај до 3 јуни. Договорот за одржување на конвенцијата го потпишаа градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и претседателот на европската асоцијација на карневалските градови Хенри Ван Дер на манифестација во Перник, Бугарија. Тоа ќе биде добра шанса за уште една промоција на градот, кој е организатор на карневалот Прочка, за верскиот празник Поклади, оти ќе го посетат претставници на сите карневалски градови во Европа. Подготовките за конвенцијата се почнати уште пред официјалното потпишување на документот. Среќни сме што успеавме да се наметнеме да бидеме домаќини во силна конкуренција – велат од општината. Годинава домаќин на конвенцијата беше српскиот град Врњачка Бања.

Loading