Прилеп ќе соработува со Призрен

Развојната агенција Преда плус во соработка со регионалната стопанска комора организираа средба на бизнисмениите од Прилеп и Битола во косовскиот град Призрен. Дваесетина стопанственици од прехрамбената, мермерската, тутунската и текстилната индустрија се обидоа да воспостават деловни контакти и да развијат бизнис релации со партнери од Косово со обостран интерес. Стопанствениците од двете општини сметаат дека договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Косово е шанса за продлабочување на економската соработка за двете бизнис асоцијации. Косовските бизнисмени уште пролетоска престојуваа во Прилеп да откријат простор за деловни односи и операционализација на договорот. Тие оценија дека има место договорот да не остане само на хартија, туку да се исползува за создавање на клима на соработка. Две фирми од Македонија од мермерската и кожарската индустрија веќе склучија договори со сродни компании во Косово.

Прилепски бизнисмени на Октобар фест

Дваесетина наши стопанственици отпатуваа на неколкудневен престој на интернационалниот фестивал на пивото Октобар Фест во Минхен. Бизнисмените ќе црпат искуства за спонзорирање на прилепската манифестација Пиво фест. Тие ќе откриваат инвентивни маркетинг и пропагандни решенија за спонзорства и покровителства за идниот празник на пивото во Прилеп, кој станува сé попривлечен за домашните и странските гости и пиварници.

Loading