Падна шамакот на Оревоечка

Водостопанството Прилепско поле исчисти околу шест километри од каналите и речното корито на Оревоечка Река кај селата Загорани и Чепигово. Коритата беа зараснати со трски и дрвја и нечистени со години. Со интервенциите е елиминирана опасноста од излевање на водите. Земјоделските површини повеќе не се загрозени – изјави градоначалникот Марјан Ристески. Жителите велат дека каналот бил полн со наноси, треви и дрвја и никогаш не исчистен. Се прекинуваше коритото и реката се влеваше во нивите со земјоделски култури. Се правеше пакос. Се обезбеди полето за наредните десетина години – велат земјоделците. Водосопантвото ќе продолжи со чистење на речните корита и канали во согласност со расположливите средства.

Loading