Асвалтирана улицата во Селце и Ново Лагово

Жителите на селата Селце и Ново Лагово добија нова асфалтирана улица. Турен е асфалт на 550 метри после многу години. За инфраструктурниот зафат за подобрување на условите на жителите на Селце, општината издвои од буџетот околу 1,3 милиони денари. Асфалтирана е централната фреквентна улица во селото Ново Лагово во должина од 650 метри со 1,7 милиони денари од општинскиот буџет. Улиците без кал ќе придонесат да се олесни комуникацијата со градот, а локалните власти ќе продолжат со подобрување на локалната патна инфраструктура во населените места додека дозволуваат временските услови.

Loading