ЦЕНТАРОТ СТАНА ОГРОМНО ГРАДИЛИШТЕ

Proekcija za pretstojnata rekonstrukcija na del od  plostadot Cento

Отпочна реконструкцијата на плоштадот „Методија Андонов Ченто”. Старите и искршени плочки ќе се заменат со нови мермерни и гранитни. Вкупната површина која партерно ќе се уреди е околу 8 000 м2. Во првата фаза е предвидено обновување на просторот пред меморијалниот Музеј „11 – ти Октомври”, на површина од околу 600 метри квадратни. Работите ќе завршат до одбележувањето на празникот 11- ти Октомври. Предвидено е зголемување на зелените површините. Ќе се постави и споменикот на Кузман Јосифоски – Питу. Проектот предвидува богато хортикултурно уредување, поставување на модерна урбана опрема и обновување и ревитализација на осветлувањето – вели градоначалникот Марјан Ристески. Паралелно се уредува „Арт плоштадот”. Веќе се изселени трафиките да се уреди проторот и да се оспособи подземниот паркинг простор под ЦК „Марко Цепенков” со капацитет од педесет возила. Со реализацијата на деталниот урбанистички план, ќе се намали и сообраќајниот метеж и ќе се зголеми паркинг просторот. Градежни машини има и на улицата Андон Слабејко, кај автобуската станица. Според идејното решение ќе се пробие нова улица покрај река, а досегашната ќе се претвори во пешачка патека како цветна улица. По повеќе години се асфалтира „Истарска”. Инфраструктурниот зафат чини околу еден 1,4 милион денари буџетски пари.

Loading