БИНАС ПО ВИДЕЛО ВО ТУРЦИЈА СО ДАРОТ ОД ХУМАНИТЕ

Собраните донаторски средства отидоа во рацете на семејството Таироски

Редакцијата на Зенит, собраните парични средства од посебната донаторска сметка од акцијата “Дарете за “очи” на Бинас” ги префрли на семејството Таироски. Две годишната Бинас која е слепа како последица од предвремено раѓање и престој во инкубатор, придружувана од родителите и членовите на семејството, замина на операција во Истамбул. На донаторската сметка од правните и физичките лица кои покажаа голема хуманост, беа собрани вкупно 50 илјади денари. Радосниот чин на заминување кон надежта за враќање на виделината на девојчето, Зенит го регистрираше при тргнувањето на семејството за Турција. Акцијата да прогледа малата наша слепа сограѓанка Бинас, која тогаш имаше само 17 месеци, започна по огромната реакција и искажаната подготвеност на голем број прилепчани да му помогнат на девојчето, откако Зенит ја објави потресната сторија за нејзиниот живот во мрак и неможноста заедно да игра и му се радува на животот со братот – близнак Таир. За операцијата во Истабмул, според тврдењето на родителите, потреби биле две илјади евра. Со цел да се соберат повеќе пари, Зенит на манифестацијата “Избор на бизнис на годината” ги инцираше бизнисмените да помогнат. Покрај фирмите кои масовно се вклучија во донаторската акција за спас и враќање на виделото на Бинас, донираа и голем број физички лица, дури и од странство. Нашата редакција во континуитет го објавуваше салдото на донаторската сметка. Им благодариме на сите кои ја поддржаа акцијата на Зенит да се врати виделината и среќата кај Бинас како кај нејзинот брат – близнак кој по операцијаат усеа да го види сонцето. Хуманите луѓе помогнаа да го извадиме невиното дете од темнината, зашто и во него тлее живот и мечта за детска радост.

Loading