Иницијатива
По објавувањето на текстот за планинарскиот дом Дервен, во Редакцијата на весникот Зенит, планинарите на ПСЗ Козјак, кои веќе пет години по ред симболички засадуваат дрвца во близина на домот, доставија инцијатива за повторно заживување со цел пошироката јавност да се запознае со активностите кои ги преземале во изминатиот период. Еве што, меѓу другото, презело ПСЗ Козјак за Дервен. ПСЗ Козјак, по опожарувањето во 1997 година, на неколку наврати иницира повторно обновување на домот. Првиотпат во 1997 година, но, за жал, без успех. Потоа од страна на Херонеа проект, во 2003, година се направи комплетна документација – урбанистички план за обнова и користење. Преку подрачната единица испратен е до Министерството за транспорт и врски во Скопје. До 2008 година нема решение од министерството. Третпат ПСЗ Козјак од 2008 година наваму почна нова иницијатива за изработка на планска документација за Дервен во неколку фази.
1. Направена е планска документација за добивање услови за планирање на просторот вон населено место за пл. дом Дервен од страна на Перкан проект. Потоа преку Агенцијата за планирање во Скопје изработен е елаборат за условите за планирање, со што од Министерството за животна средина и просторно планирење е добиено решение за услови за планирање.
2. Се пристапи кон изработка на Нацрт урбанистичи план вон населено место за пл. дом, од страна на Перкан проект, кој е утврден на ден 25 јуни 2010 година од страна на советот на Општината Прилеп.
3. Перкан проект изработи детален убанистички план вон населено место за планинарскиот дом Дервен, кој е предаден на усвојување во одделението за урбанизам и заштита на животната средина на Општина Прилеп. Се чека усвојување. За изработката на овие три фази на урбанистичкиот план, ПСЗ Козјак е благодарен за несебичното залагање на архитектот Спасија Савеска и Перкан проект од Прилеп.
ПСЗ Козјак прави иницијатива за ревитализација на водоводната мрежа од која се снабдуваше домот со вода. За понатамошните постапки потребна е поголема заинтересираност и помош од пошироката заедница.
Планинарите на ПСЗ Козјак