Бизнисмени на саем во Цеље

Делегација од 30-тина македонски компании, меѓу кои 12 од Прилеп од 6 до 9 септември го посети 44-тиот Меѓународен саем за широка потрошувачка и мало стопанство во Цеље, Словенија. Организацијата беше доверена на Регионалната стопанска комора во Прилеп и Стопанската комора на Македонија, на покана од директорот на Саемот. Според извршниот директор на регионалната сопанска комора Ристо Најдоски, македонските бизнисмени имале средба со првиот човек на саемската манифестација и претседателот на Регионалната комора од Цеље во присуство на македонскиот амбасадор Игор Попов, трговскиот аташе Катерина Димовска и екс-амбасадорот на Словенија во Македонија, Марјан Шифтар. Се разговарало за меѓусебната соработка меѓу двете земји, која е оценета како многу добра. Се акцентирало дека се потребни дополнителни напори за раст на обемот на соработката, особено за извоз на македонски производи за намалување на трговскиот дефицит. Нашите стопанственици имале и билатерални разговори со претставници на словенечки компании, заинтересирани за меѓусебна соработка. Конкретно, се истакна добрата соработка на Витаминка со трговската куќа Туш од Цеље, како и фирмата Дрвомонт од Прилеп, која имаше и своја фирма во Јесенице.

Loading