Микросам на саем во Русија

“Микросам” ја продолжи традицијата на промоција на технолошките достигнувања кај композитната индустрија на светско ниво. Учествуваше на еден од најголемите меѓународни саеми за воздухопловство и вселенска опрема МАКС 2011 во Русија, под покровителство на премиерот на Руската Федерација, Владимир Путин. Фирмата се претставила со најнови техничко – технолошки достигнувања, со машините за полагање на влакна и лента, за производство на препрег, машините за намотување, машините за обработка на композити, опремата и софтверите поврзани со нив, како и својот најнов производ, автоматската линија за ЛПГ, ЦНГ и резервоари под притисок. Менаџерскиот тим на Микросам бил дел од официјалната конференција и остварил бројни средби со фирми од цел свет.

Loading