Нова сала за седници

Профункционира новата, голема сала за седници на општинскиот совет и за свечени манифестации во новата градска куќа. Први столчињата ги испробаа советниците на 35-тата седница. Тие седнаа во удобните фотелји, кои во наредниот период ќе им бидат место за мегдан и за размена на мислења при донесување значајни одлуки. Салата е современа, модерно опремена со аудиовизуелна опрема, климатизирана. Има и простор од кој новинарите непречено ќе ги следат седниците или пак свеченостите. На советниците им останува да ги засучат ракавите во подобрени услови за работа и да ги оправдаат не малите месечни паушали за подобрување на животот на граѓаните.

Loading