СЛОВЕНЕЧКИ СТИПЕНДИИ ЗА ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ ОД “ОРДЕ ЧОПЕЛА”

Двајца ученици од средното општинско училиште “Орде Чопела” ќе добијат месечна стипендија од по 500 евра и бесплатно четиригодишно школување во Ново место, во Словенија. Единствен услов е кандидатите да се запишани во прилепското средно училиште. Заинтересираните ученици за словенечката стипендија може да се пријавуваат во училиштето до 1 септември, по што комисија ќе ги разгледува портфолијата од учениците и ќе изврши интервјуа со кандидатите и родителите. Стипендијата е во рамките на меморандумот за соработка, кој осум стручни училишта од земјоделска и ветеринарна струка од Македонија, го имаат потпишано со словенечкиот Центар за биотехника и туризам “Грм” од Ново место. Лани тројца ученици и еден професор од “Орде Чопела” имаа 20 дневен престој и разменија искуства во Центарот за биотехника и туризам во Ново место во Словенија.

Loading