ДОНИРАНИ КЛИМА УРЕДИ НА ХИРУРГШКО

Хирургшкото одделение при Болницата доби пет клима – уреди од фирмата “Телемонтажа” во соработка со сервисот “Ладење” и еден клима – уред кој е донација од пациент кој бил задоволен од здравствените услуги. По два клима – уреди се распоредени во машкиот и женскиот оддел, еден во детската хируршка соба и еден во амбулантата за преврски. Персоналот изрази благодарност и се надева дека гестот ќе биде пример и за други хумани луѓе.

Loading