БЛАЖЕ И КЕПЕ КРАЈ ЦЕПЕНКО

Спомениците на Блаже Конески и Круме Кепески ќе се постават покрај споменикот на “Марко Цепенков”, како дел од третата фаза од Арт плоштадот пред центарот за култура. Освен што ќе се поврзе патеката на славните ќе има и интересна фонтана во облик на водена завеса. За реализација на инфраструктурниот зафат на површината од 2300 м2 ќе бидат издвоени десет милиони денари. Ќе има зеленило и модерна урбана опрема. По завршувањето на Арт плоштадот, предвидено е од 1 септември да се реконструира градскиот плоштад Методија Андонов – Ченто.

Loading