Слабее Студенчица

ЈП Водовод и канализација апелира на рационално користење на водата, оти изворот Студенчица се намалува за околу десет литри дневно. Сепак не се очекува нарушување на водоснабдувањето. Градот добива од Студенчица 350 литри вода во секунда. Сашо Николоски, директорот на ВИК, вели дека во овие летни горештини нужно е водата да се штеди. Дарежливоста на изворот Студенчица, од која со вода се снабдуваат пет општини, е илјада литри во секунда, но со тенденција на дневно опаѓање за околу десетина литри. Затоа е нужно да се престане со наводнување на бавчи и водата да се користи рационално – вели Николоски. Прилеп располага и со неколку десетина бунари, кои се резерва за сушни периоди и со пречистителна станица за филтрирање на водата од вештачкото езеро. Прилепското ЈП редовно ги плаќа сметките за вода кон ЈП Студенчица.

Loading