СТОП ЗА ПАТУВАЊА ВО ЕУ ЗА АЗИЛ

Полициско информирање за безвизниот режим во Тризла

За репресивните мерки, измените во законот и ставањето под контрола на зголемениот бројот азиланти, претставници на полицијата го презентираа проектот “Стоп на злоупотребата на визната либерализација”  во населбата Тризла, со мнозинско ромското население. Невладини организации, полицијата и претставници на ОБСЕ информираа дека визната либерализација не смее да се користи за добивање азил во земјите од шенген зоната. МВР спроведува кампања за спречување на злоупотребата на безвизниот режим, оти визната либерализација е за куси патувања во некоја земја од ЕУ – вели Дејан Ангелески, виш инспектор. Дури 80 отсто од барателите на азил се од ромската националност. Од април до јуни, на граничните премини, на 706 македонски државјани не им е дозволен излез од земјава, оти имале намера да бараат азил во ЕУ. Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите на ЕУ им озовможи на граѓаните на Македонија во декември 2009 година да патуваат и да имаат куси престои во ЕУ без визи.

Loading