ШТЕТИТЕ ПОГОЛЕМИ ОД ПРВИЧНИТЕ

Уште се проценуваат последиците од невремето

Комисијата за елементарни непогоди продолжи со утврдување на штетите од невремето на први август, кое предизвика поплави по домовите во населбата Рид и сериозни оштетувања  на тутунските полиња. Претседателот на комисијата Мишко Ристески изјави дека времето за подготовка на извештајот ќе биде подолго, но не повеќе од 15 дена. Пристигнати се 140 барања за штети на куќи и 160 барања за земјоделски култури, главно на тутун. Очекувам проценката да заврши за 6-7 дена – вели Ристески. Изготвениот елаборат ќе го усвои Советот, со што ќе се создадат процедурални услови да се проследи до Владата. Според законот, нужно е постапката да заврши најдоцна за 30 дена од невремето. Екипите на ЈП Водовод и канализација привршуваат со санирање на последиците. Оштетувања имаше на канализациската мрежа и на шахтите. Штетите се околу 2,5 милиони денари – изјави директорот Сашо Николоски. Невремето поплави домови, откорна асфалт, ја оштети канализациската мрежа, урна потпорен ѕид и раскопа неколку улици. Штети пријавиле и фирми.

Loading