ТОТАЛНА ОБНОВА НА СТАРАТА ЗГРАДА

Во ОУ “Климент Охридски”

Старата зграда на ОУ “Климен Охридски” е во тотална реконструкција. Работници од фирмата Карпа поставуваат бетонски плочи на катовите, се менува електричната инсталација, осветлувањето, се дотеруваат со гипс картон таваните. Останува само покривот, а сé друго ќе биде ново, по неодамнешното поставување на надворешни ПВЦ прозорци, инсталацијата на парно греење и реконструкцијата на санитарните јазли. Од училиштето велат дека децата на есен ќе имаат погодни услови за следење на наставата, небаре во ново училиште. Не ќе можат да ги препознаат училниците. Сé ќе биде ново, со вложувањата на локалната самоуправа од  2,5 милиони денари.

Loading