ЦЕПЕНКОВ НИЗ ВОДЕНА ЗАВЕСА

Се интензивира втората фаза од уредувањето на Арт плоштадот пред ЦК “Марко Цепенков”. Врие работници на неколку фирми на градилиштето. Еден покрај друг се градежници, поставувачи на гранитни плочки, мајстори за фонтани, електричари, водоводџии. Машини и камиони им помагаат за забрзување на работата. Се наѕира комплетната физиономија кај градското средиште на културата. Во вториот дел е продолжението на патеката на скулптурите, создавани од вајари, учесници на меѓународните колонии за пластика во мермер. Ќе се финализира и патеката на славните. Континуитет на плоштадот на уметноста ќе има и соодветното осветлување со урбаната опрема. На централната локација, пред споменикот на Марко Цепенков, проектирана е новата водена завеса. Тоа ќе биде атрактивна фонтана без класично корито, која ќе функционира со електронски систем. Водата, вообичаено ќе се врти за да се штеди, и ќе “игра” во ритам на музика или други можни варијанти кои ги нуди електронската контрола на водоскоците. Како што изгледа од проектот, плоштадот ќе се заокружи со дрворед во дел од улицата “Кузман Јосифоски – Питу”.

Loading