ПЧЕНИЦАТА ЗА “ГЛУВЦИТЕ”

Нема откуп на собраното “лебно” зрно

Згаснаа комбајните за собирање на лебното зрно во прилепскиот дел на Пелагонија. Земјоделците се задоволни и од приносите, но и од квалитетот, за кој велат е добар. Дознаваме од ПЕ на Министерството за земјоделие дека се ожнеани се околу шест илјади хектари од кои се добиени во просек по околу 3500 килограми од хектар. Житопроизводителите се “мачат” околу пласманот и цените. Околу вредноста на родот на пченицата годинава владее незадоволство, оти понудите се под вложувањата во материјалните трошоци за производството. Ги нема со понуди преработувачите, туку на пазарот се јавуваат само трговци. Затоа пченицата, наместо во силосите, се складира по домашните амбари во очекување поволна цена за продажба. Не е коригирана нагоре цената на пченицата. Неофицијално, преработувачите давале 15 денари за прва класа. Но, никој не понудил. Тоа се само муабети без конкретна реализација. Се дава од 12 до 13 денари. Затоа досега е откупено околу 30 отсто во Пелагонискиот регион. Ја поздравуваме владината мерка за тримесечен условен увоз и забрана за извоз на пченица, но се сомневаат во калкулации. Не уценуваме, туку реално резонуваме. Нудевме договори пред жетвата, но никој не се одзва да најдеме заеднички јазик за цената – вели Перо Стојкоски од асоцијацијата Клас. Само Жито Прилеп откупува пченица по 12 денари за килограм. Слаб е интересот и за складирање во силосите на ЈП Агроберза во Прилеп, каде се искористени едвај четвртина од капацитетите од 35 илјади тони. Земјоделците очекуваат пораст на цената по откупот на 40 илјади тони за стоковните резерви со јавен оглас.

Loading