Во услови на брз процес на глобализација, секој народ ги вади и поставува на општата сергија духовните вредности, реликвии и постигнувања, како показ за својот придонес кон светската скривница на културата. Тоа, за големо задоволство на сите вистински Македонци, го правиме и ние. Но, деновиве прочитав нешто за фрапирање: “Нека ми рече Груевски, добар ден, на античко – македонски јазик и тогаш ќе признам дека имаме некаква врска со античките Македонци”. “Јареј ден (арен ден), Геровски”, на античко – македонски. По се изгледа дека овој човек нема никаква врска со денешниве Македоци. Покажува енциклопедиско незнаење за својата земја, иако се најдува во македонската енциклопедија издадена од МАНУ.
Се чудам зошто уште науката срамежливо молчи пред фанатиците на илузорни невистини.
Ќе се обидам да го изострам нивното внимание за нивното невнимание кон сопствените корени. Целта на историската наука не е само да собира факти, туку преку нив да ја бара и вистината. Сé што е можно како вистина, носи веќе со самото тоа во себе и зрно на вистина. Грев е да не веруваш во она во што треба да веруваш. Историјата е сторија за она што се сторило. За почеток ете еден интернационален збор од чисто античко – македонско потекло. Грчката етимологија на македонското име на ниеден начин не може да докаже и утврди грчко потекло на Античките Македонци. Родното место на Аристотел (учителот на Александар Македонски) е Стибера. Околу него се Пелагонија, Алкомена, Линк, Хераклеа, Хискана, Керамија. Мајката на Филип Втори, Евридика, е родена во Пелагонија, денешно село Бонче (Мариово). Аристотел живеел во Барбадос (крај река и кал – Еригон). Македонците го носат своето име континуирано 7500 год. Грчкиот писател Атенај во своите записи вели дека Античките Елини презеле голем број зборови од јазикот на Македонците. “Кога Александар Македонски почувствувал дека се наоѓа во смртна опасност, ги повикал на помош своите телохранители на својот мајчин македонски јазик” – вели античкиот историчар Плутарх. Во својата биографија за Александар Македонски,латинскиот историчар Квинтиј Руф, јасно сведочи дека Македонците и Грците комуницирале преку преведувачи. Во Филиповата војска генералите исклучиво биле Македонци, затоа што Грците не го знаеле македонскиот јазик. Јазикот на античките и предантичките Македонци е јазикот на современите Македонци: – старото име на Охрид е Ликнида (лик ни дава, убавина, личотија), а Охрид значи злато, – старото име на Штип е Астибо (јас,ти и Бог), – старото име на Велес е Аполон, богот на Сонцето, а потоа доаѓа името на градот Била Зора (а, по зората доаѓа сонцето), – старото име на Прилеп е Керамија (Кера е Хера-жената на Зевс, Зевс е егеј, а неговите потомци се Егејските Македонци, – Битола, Хераклеа со слично значење… и така можеме да редиме за сите градови во Македонија.
Јустинијан е таткото на правниот систем во светот. Роден е во Таор, во близина на Скопје. Неговото вистинско име е Вправда (Правда). Да споменеме неколку античко – македонски зборови кои му се толку потребни на Геровци: – сал со Бо с’м (само со Бог сум), печат од Осинчани, – ости јареј (остани арен,здрав), – кол клеса го ова, (кој го направи ова)… сајкали, мрее, лапа, аирлија, сполај, мал, тато, ден, уш, чукш, бригда (брига, секирација), вер (верба), зал, огон, ости, рај, удерај, уседи, фант, јаро, кара, далаган (далга), крават (кревет), дар, здеили (сработи руски делај), Билјана (вистина, српски збиља), јај, мољти, пиеш, леуѓе, варем, кадела (шупелка). Во темелите на манастирот Трескавец најден е кипот на Аполон и Дарон (даж Бог – дарува, дава). Најдревното македоноско писмо е најдено во Јужна Франција со имиња: Михо, Асен, Гоце, Кадмо, Тоте… и со зборовите: буф, луѓе, саат, убива, останува, умира, каснува. Лексемата Прилеп (Пријам) кај китите означува прв. Лексемата Прилеп го означува првиот остров и остров на кралот Пријам (митски бог на Троја, Тројанци (островјани).
Се заборава дека македонско – античката држава постои најмалку 14 века пред Исус Христос, дека Македонците ги има на историската сцена на ист простор, под исто име, со исти имиња и топоними. Нема место чиј топоним е променет од грчки на македонски, но сите имиња се променети од македонски на грчки. Тоа безмилосно правило на насилно изменување постои и денес.
Мегаломанската свест носи чувство дека тоа што ти се допаѓа, тоа и ти припаѓа.
Прим. Д-р. Благоја Дамески
советник во Советот на Општината Прилеп